Основното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје ќе се затвори на две недели поради зголемен број на заболени наставници и ученици, претседателот на комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџоски одговарајќи на новинарско прашање истакна дека во моментот во најголем дел од државата немаме толкаво зголемување на бројот на заболени наставници и ученици за да преземеме дополнителни мерки.

Во врска со затворањето на основното училиште „Владо Тасевски“ во Скопје, Краџовски потврди дека таму има заболени лица, но истакна дека не се работи за толку голема бројка за да се ограничи наставата со физичко присуство во сите училишта.

– Моментално во најголем дел од државата немаме зголемен број на заразени наставници и ученици за да преземеме мерки, односно да донесеме одлука помалку ученици да посетуваат настава со физичко присуство, истакна Караџовски, додавајќи дека Комисијата е во постојан контакт со Министерството за образование и наука и заеднички ја следат состојбата со болеста во училиштата.

Исто така Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести било констатирано дека актуелните мерки и рестрикции односно полициски час по 22 треба да останат и истите нема потреба во овој момент да се надополнуват.

Филипче потенцираше дека во изминатите 4 недели има константо зголемување на бројот на заразни со болеста. Додаде дека рзултатите од мерките ќе се анализираат на крајот на неделата и на следната средба на комисијата ќе се анализира дали има потреба од други построги мерки.

– Во моментов 1100 болнички кревети се пополнети, притисокот во Скопје е голем, правиме систем на менаџирање на скопските клиники. Има одреден број на слободни кревети, одделенијата на интерните клиники повторно се пренаменети во вакви центри, потенцираше министерто за здравство Венко Филипче.

Како резултат на зголемениот број на новопријавени и хоспитализирани случаи во земјава е воведен полициски час до 22 март, што важи од 22 часот до 5 часот наутро.