Карчовски пишува во врска со патување на негов пријател до Белград за да добие втора доза од вакцината на Астра Зенека, откако во Македонија не му било дозволено да се вакцинира, како и за парите од патарини кои Македонија ги пропушта со пропусниците за српските државјани.

Карчовски вели дека не е потребно многу, туку со проста математика државата може да увиди колкав профит пропушта – доколку 1 милион возила транзитираат низ Македонија ова лето, потенцијалниот приход на државата би бил околу 12 милиони евра, а двојно од тоа би значело 24 милиони евра во државната каса. Пари, кои што би можеле да се потрошат на многу подобар начин.

– Ех колку вакцини можеа да се набават за тие пари, вакцини за македонските граѓани. Или барем да ставеа нов асфалт на она што на шега го нарекуваме автопат Пријателство, вели Карчовски на Фејсбук.

Денес еден мој пријател тргна за Белград на ревакцинација со Астразенека. Во Македонија не му дозволија да се…

Posted by Јован Карчовски on Friday, June 18, 2021