Тој напиша:

Субвенционирање на нови бизис идеи за млади
👉”Живеам и работам во општина Аеродром”
Кој не живее или не живеел, не може да знае колку се сака општината Аеродром. За да биде Аеродром уште попримамливо место за живеење, општината може да помогне. Субвенционирање на мали локални бизниси (до 5000 евра) за млади (и за не толку млади 🙂 преку ваучер систем. Имаш идеја и знаење, а немаш почетен капитал!? Општината може да помогне, преку свои средства или преку меѓународни грант програми. Пари има и се наоѓаат, само треба желба, знаење, посветеност и домаќинлук. Берберница/фризерница, мини маркет, продавница за домашни миленичиња, продавница за здрава храна, пекара/бурекџилница, јога клуб, вежбални, школа за учење странски јазик…можностите се неограничени.
Да создаваме мали бизниси во Аеродром, тие се крвотокот на цела економија. Да ги задржиме младите таму каде што пораснале. Да не дозволиме да се иселува креативната сила на општеството.
Оваа мерка е реална и остварлива. Доколку би имал можност, дефинитивно би се заложил за нејзина имплементација на територија на целата општина.