Лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

„ДУИ бара соработка само кога им е тесно, само кога се во критична ситуација. И ова искуство беше во 2016 година, кога можеби не секој ден, но на неделно ниво имав телефонски повик или порака од првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Но, така беше до средбата во Тирана, додека не ги реши сопствените работи. И од тој момент ја прекина комуникацијата“, вели Касами

Касами напоменува дека, на Ахмети кога му треба соработка, секогаш станува добар комуникатор.

„Се јавува, бара состаноци, праќа посредници. Сега истото го прави и кога му требаат пратениците на Беса, за да го намали влијанието на „Огнените““, додава Касами.