Изет Меџити од ВЛЕН, гостувајќи во емисијата „Click Plus“ на ТВ21, зборуваше и за првиот партиски конгрес на ВЛЕН, кој ќе се одржи на 9 мај.
Меџити, меѓу другото, истакна дека обединувањето на ВЛЕН го скршило 20-годишниот монопол на ДУИ.
„Ова беше добро прифатено во сите региони. Беше модел како опозицијата, кога се обединува, се зајакнува и станува власт. Второ, го скрши 20-годишниот политички монопол на ДУИ. Трето, донесе конкуренција во албанскиот политички камп и мислам дека ова е најдобриот начин на организирање, бидејќи за Албанците не е добро да има монопол на една политичка партија, ниту пак да бидат поделени во 10 партии, затоа што тоа не оди во нивна корист“, изјави Изет Меџити во „Click Plus“ на ТВ21.
Извор: Курир
