– Министрите на ДУИ се смешни. Промовираат проекти кои не се во нивна надлежност. Проекти за кои немаат ништо направено повеќе од 15 години, и сега излегуваат на прес-конференции и ги промовираат како нивна заслуга. Тие проекти се проекти на владата предводена од Заев. На пример најавената инвестиција на Попова Шапка, патот Блаце – Скопје и други проекти се проекти на оваа влада предводена од Заев, а не од ДУИ. затоа замолувам да не трчаат да промовираат проекти за кои не направиле ништо 15 години, вели Касами.

Тој кажа дека БЕСА на локалните избори ќе оди сама, но не исклучи и соработка со сите партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ.

– Засега на локални избори ќе одиме сами. Н, можна е соработка и со сите партии кои ќе покажат интерес, освен со ВМРО-ДПМНЕ. За нив вратата е затворена, рече Касами.

Касами кажа дека Тетово треба да биде вратено на тетовчани. На прашањето дали тој би се кандидирал за градоначалник, рече дека тоа ќе треба да го одобрат партиските органи.

– Сепак, ќе направиме анализа, и доколку имаме сериозна понуда за соработка, ќе ја разгледаме. Секоја можна соработка меѓу СДСМ и БЕСА на локалните избори, ќе биде предмет на сериозна анализа. Ќе ги анализираме најдобрите опции за нас како БЕСА, рече Касами.