На седницата беа прогласени за конечни резултатите од изборите во шестата изборна единица откако Управниот суд ноќеска ја отфрли тужбата на коалицијата „Европски фронт“ за прегласување на едно избирачко место во село Ларце, Желино.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски соопшти дека во оваа изборна единица коалицијата „Европски фронт“ има осум мандати, „Вреди“ исто така осум, коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ три, и коалицијата „За европска иднина“ еден.

На седницата беше соопштено дека Аднан Азизи од „Вреди“ ќе биде пратеник на местото на тетовскиот градоначалник Билал Касами, чиј мандат не беше верификуван на Конститутивната седница откако тој го побара тоа.