– Денес излегов да го искористам моето уставно право за да гласам за идните локални власти во општина Тетово. Апелирам до сите мои сограѓани масовно да излезат да гласаат и да го искористат своето уставно право и да одлучуваат за иднината на Тетово, да одлучуваат за иднината на своите деца. Со вашиот гарантиран глас гласате за подобро утро за посветло утро. Како што денес е сончев ден се надеваме дека со вашиот глас вие ќе гласате за посветла иднина на Тетово и нејзините граѓани, изјави Биљал Касами.
Касами: Со вашиот гарантиран глас гласате за подобро утро за посветло утро
К
Претседателот на Движење Беса и кандидат за градоначалник на Тетово, Биљал Касами претпладнево гласаше за вториот круг од Локалните избори на гласачкото место 1947 во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“.