Реџепи сподели фотографија на која пишува: „Господ да ја благослови Америка“

Пратеникот Кастриот Реџепи на својот Фејсбук профил објави фотографија како реакција по одлуката на лидерот на Движењето Беса, Билал Касами да го исклучи од партијата поради неговата вчерашна постапка – не појавување на собраниската седница на која требаше да се гласа недоверба на Владата.