Уште едно предизборно ветување се исполнува. Изградба на парк за миленици! За првпат Општина Кавадарци ќе добие и парк за миленици на кој ќе бидат поставени реквизити и содржини за милениците, како и соодветна урбана опрема. Со изградбата на овој парк, ќе им се излезе во пресрет на сопствениците на домашни миленици, создавајќи соодветни услови за нивна рекреација, се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.