Кавадарци ќе добие затворен градски базен, издадено е одобрение за градење, информираше денеска градоначалникот на Кавадарци. Митко Јанчев.

– Според информациите што ги имаме, преку Агенцијата за млади и спорт, за долгоочекуваниот затворен градски базен, од септември треба да се избере фирмата за градење на градскиот базен за кој постапките најверојатно се поминати и да може да се вклучиме во изградбата на базенот, соопшти Јанчев во рамки на седницата на општинскиот Совет.

Локацијата на базенот е под стадионот „Тиквеш”, на местото на поранешната дискотека ,,Лалуна”.