Општина Кавадарци ќе обезбеди четири нови автобуси за превоз за ученици и редовни општински линии.

За таа цел, Советот на општината денеска донесе одлука за трансфер на финансии од општинскиот буџет кон јавното претпријатие за паркиралишта, во износ од шест милиони денари.

На седницата беше кажано дека досега 15 милиони денари годишно се издвојувале за превоз на ученици, преку ангажирање превозници. Со ова, јавното претпријатие кое ќе ги набави автобусите преку оперативен лизинг, добива уште една работна обврска, покрај ангажманот околу паркиралиштата.