Најголем број од санкционираните, 23, се од територијата на СВР Тетово, додека по 22 се од територијата на СВР Охрид и СВР Куманово.
Според МВР, непрописното престигнување е една од најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР.