Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло, шест мерки за користење на мобилен телефон при возење, три санкции за управување под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.