Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 154 санкции, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, девет за возење без возачка дозвола, 27 прекршоци што ги чинат пешаците, 29 мерки за непрописно паркирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, порачуваат од МВР.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.