Од МВР соопштија дека полициски службеници од Оперативен тим потраги од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.Х.(64) од Дебар, а со место на живеење во Скопје.

-За неа била распишана потерница по Наредба на Основно јавно обвинителство Велес за истрага поради сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – „ злоупотреба на службената положба и овластување“, се наведува во соопштението на полицијата.

Осомничената била предадена во Основно јавно обвинителство Велес за понатамошна постапка.