Истовремено донесе решение со кое на правниот субјект му е наредено да ги отстрани несообразностите кај испитуваниот производ „мазут“ од складот во Ресен и определи рок од 15 дена за постапување по наредбата.
Претходно ДПИ доби одговор од „Евротим ГДС“ ДООЕЛ – Кичево, дека компанијата ги прифаќа првичните резултати од анализите на земените мостри од производот „мазут“, што ги спроведе ДПИ во складот во Ресен.
Врз основа на овој одговор, ДПИ информира дека резултатите од испитувањето на првиот примерок се конечни и ја спроведе постапката на порамнување и издавање на прекршочни платни налози и го донесе решението за отстранување на несообразностите од испитуваниот „мазут“ до складот во Ресен .
При направените анализи од првите примероци земени мостри од складот за „мазут“ во Ресен во сопственост на „Евротим ГДС“ ДООЕЛ – Кичево, ДПИ констатираше дека параметрите вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430.