Менување на државната матура, воведување насочен систем на полагање. Учениците што ќе се запишуваат на факултет, ќе полагаат стручна државна матура во соодветната област во која ќе го продолжат високото образование. Преостанатите кои имаат намера да бараат работа, ќе треба да ја поминат училишната матура со прашања од материјалот што го совладале во текот на образувањето.
-Државната матура ќе се менува, училишна матура, пазар на труд, стручна државна матура, продолжување на високообразовен процес во високообразовни установи, но во соодветното поле, подрачје, област. Што значи машинско на машински факултет, електро на електро факултет, а ако сакаат на друг, на економскиот факултет, ќе мораат државна матура да полагаат, изјави Јаневска.
Министерката Јаневска промените ги нарекува логични затоа што не може да се ставаат на исто ниво гимназијаците со оние кои учат стручно образование. Таа не прецизира од кога ќе се спроведува завршниот испит во средното образование и од кога ќе дојде оваа промена.
Ќе се спроведува истражување на квалитетот и подготвеноста на студентите за да почнат да работат. Целта е да се задржат младите високообразовни кадри, да се стопира процесот на миграција, велат од Министерството.
Новата Влада образованието го затекна во критична состојба. Министерката Јаневска најави големи реформи. Образованието во 2025 година доби значително поголем буџет. Со конкретна примена ќе биде полагањето државна матура.
Историски најголем буџет: Јаневска ги презентираше приоритетите за 2025 година
За седум години во државата има 17.000 ученици помалку, бројот на студенти е намален за 7.000. Потребни се крупни промени во образованието.
Извор: Алфа