Косово денеска со нова барикада во форма на бодликава жица. Ја постави КФОР од косовска страна на административниот премин „Јариње“, поради протестот на десничарски српски здруженија од Црна Гора, Република Српска и Србија кои бараат „деблокада на премините за Србите од Косово и Метохија“. Пред насобраните стотина демонстранти беше „развлечен“ и кордон на припадници на српската полиција.

Група на демонстранти, како што објавија српските медиуми, сепак, успеаја да го пробијат кордон и тргнаа кон преминот „Јариње“, но беа запрени на околу 50-тина метри од него. Од другата страна на административниот премин е забележлива зголемена готовност на припадниците на КФОР и косовската полиција.

Насобраните демнонстранти пред административниот премин „Јариње“ со овации ја запалија и таблата на која пишување „Бриселски договор“, додека од разглас се емитуваат партиотски песни.

Косовскиот премиер Албин Курти за германски „Шпигел“ го оцени барањето на српската страна за враќање на дел од безбедносните сили во Косово како смешно. Тој најави и истраги за косовски полицајци, доколку не се однесуваат добро и одговорно на северот на Косово.

Во меѓувреме се огласи и министерот за одбрана на Србија, Милош Вучевиќ кој порача дека неговата земја нема да дозволи нова „Бура“.

„Ситуацијата на Косово сè уште е напната и доволно е кибритче за разгорување на состојбата. Граѓаните треба да знаат дека Србија ќе остане доследна на политичкиот договор за да ги зачува мирот и стабилноста, но дека никогаш нема да дозволиме нова „Бура“, истакна српскиот министер за одбрана, Милош Вучевиќ.

Тензиите меѓу Србија и Косово се зголемија во текот на изминатата недела откако Србите подигнаа барикади на главните патишта во северниот дел на поранешната српска покраина во знак на протест против апсењето на поранешен полицаец од косовски Срби