Ова е трето поголемо киднапирање во три недели, кое властите им го припишуваат на вооружени банди кои потоа бараат откуп. Еден од учителите Усман Алиу, за локалните медиуми известил дека грабнувачите зеле над 80 ученици претежно девојчиња.

Досега во повеќе наврати биле киднапирани над 800 ученици од нигериските училишта. Некои се ослободени а добар дел се водат како исчезнати.

Нападите во северозападните области на Нигерија наводно не биле поврзани со бунтовничката Боко Харам која ,,ординира“ во североисточните области на земјата и која во 2014 се искачи на насловните страници на светските медиуми со киднапирањето на 270 ученици во градот Чибоку.