Две лица загинаа откако руските војници ја погодија административната зграда и фабриката „Антонов“, соопшти градската државна управа на Киев на Телеграм.

Таму се пожарникари, здравствени работници, персонал од други служби.

Според првичните податоци, во гранатирањето загинаа две лица, а евакуирани се околу 70, се наведува во објавата на Телеграм.
Како што јавија странски медиуми, утрово околу пет часот, артилериска граната погодила станбен блок о девет ката во квартот Оболонски. Пожар ја зафатил зградата.