Војната во Украина влезе во 382 ден. Најжестоките борби се уште се водат околу градот Бахмут, на истокот на земјата.
Москва тврди дека руските сили се се поблиску до центарот на градот додека украинските власти признаваат дека од ден на ден станува се потешко да го задржат градот, но велат дека нема да се предадат. Според Киев загубите и кај бранителите и кај напаѓачите се големи.
Борбата за освојување на Бахмут почна пред околу шест месеци а реката Бахмутка, што поминува низ градскиот центар сега ја претставува линија на фронтот се вели во извештајот на Британското министесртво за одбрана. За војната во Украина, следната недела кинескиот претсдател Си Џинпинг ќе разговара со својот руски колега Путин во Москва. По средбата со Путин, Џинпинг планира телефонски да разговара со шефот на украинската држава Зеленски, првпат од почетокот на војната пишува Волстрит повикувајќи се на информирани извори.