И греши тој што верува дека народот не ја знае оваа вистина. Знаејќи го ова, локалните албански гласачи постапуваат според менталитетот дека од сите зла најдобро е да се избере „мајката“ на сите несреќи, односно ДУИ, партија која во овие две децении е дел од сите влади, им ги научи „шалтерите“ и им ги знае партиските „бандити“ каде што се плаќа за судските процеси, за вработување, за градежни дозволи, за купување на државно земјиште…
Конечно, во овие години кога лидерите на ДУИ се занимаваат со евроатлантските политики, постигна нешто многу вредно за македонските политички и полициски кругови: го криминализираше албанското општество овде, изградија пирамидален систем на лажни вредности, со кој се возвиши авторитетот на професори кои продаваат оценки, на лекари кои го знаат само „протоколот“ на длабочината на џебот, на судии кои подлежат само на законот на еврото и доларот…!
Од Ким Мехмети