Во делови на Пекинг каде што се смета дека ризикот од ширење на коронавирусoт е помало, градските власти, како што е најавено денеска, ќе ги ублажат антиепидемиските мерки за да овозможат враќање на нормалниот живот.

Властите во главниот град на Кина најавија делумна замена на работата од дома со одење на работа во два градски окрузи. Јавниот превоз, вклучувајќи автобуси, такси и метро, ​​ќе продолжи да работи во три области на Пекинг, а некои трговски центри ќе започнат со работа. Сепак, градските власти се уште нема да дозволат отворање на училишта, како и работа на интернет кафулиња и караоке барови. Во изминатата недела во Пекинг се пријавени 1.716 случаи на инфекција со Ковид-19.