Два кинески воени чамци влегле во јапонските територијални води во близина на островите Сенкаку, јави јапонската телевизија „НХК“.
Според објавената информација, бродовите влегле во јапонски територијални води изутринава, приближувајќи се на неколку јапонски рибарски бродови. Притоа интервенирала јапонската Национална служба за поморска безбедност, испраќајќи свои патролни бродови во областа, со повик до кинеските чамци да ги напуштат јапонските територијални води.
Кина и Јапонија спорат околу островите Сенкаку. Токио тврди дека Јапонија ги зазела островите во 1895 година, додека Пекинг се повикува на јапонски мапи од 1783 и 1785 година во кои островите се посочени како кинеска територија. По Втората светска војна контролата врз островите Сенкаку ја презедоа САД, за во 1972 година да и бидат предадени на управување на Јапонија.