Омикрон варијантата на новиот коронавирус се појави кон крајот на ноември, а првите студии покажаа дека потенцијално полесно се пренесува од претходните соеви. Научниците успеаја да направат електронски микрограф од бубрежни клетки на мајмун заразен со омикрон варијантата.

Универзитетот објави фотографија со мало и поголемо зголемување. При малото зголемување фотографијата покажува оштетување на клетките со отечени везикули кои содржат мали црни вирусни честички.

Сликата со поголемо зголемување прикажува групи од вирусни честички со шилци во облик на корона на нивната површина.

Научниците од Одделението за микробиологија на Универзитетот во Хонгконг успеаја од клинички примероци да изолираат варијанта омикрон, што ќе овозможи развој и производство на вакцини против оваа варијанта.

Најважната карактеристика на омикрон е што има најмногу мутации досега на шилестиот протеин, вкупно 32. Тоа значи дека полесно може да го потисне имунитетот и полесно да се шири.