Скандалот со приведениот дипломат не е само скандал во македонската дипломатија туку скандал во македонската држава.Тука се поставува прашањето како е можно Ерменија односно трета држава да бара наш граѓанин со црвена потерница, а нашето министерство и обвинителство да не превземаат ништо. И треба да се напомене дека овде не станува збор за еден , туку за тројца наши дипломати.Едниот од нив е во притвор, но другите двајца се во нашата земја, вели политичкиот аналитичар Емил Кирјас во гостувањето во „24 Анализа“.
-Немаме инфорамции како МВР и обвинителството постапуваат. Кога имате индиции дека ваш државјанин има потерница од Интерпол, а тоа го знаеле во МВР, логично е МВР да го информира МНР дека има дипломат кој се бара со потерница.Ова покажува дека нема никаква комуникација помеѓу институциите во државата ако пости црвена потерница од тројцата како тие воопшти излегел од држвата? Што правеле државите низ кој тој минувале? Сигурно Миленковски во Србија не влегол со дрон, тој поминал преку границата на Унгарија или преку Словенија и Хрватска, вели Кирјас.