Временските услови би можеле да влијаат на вадење на околу 600 милијарди барели нафтен еквивалент, што е 40 отсто од светските резерви на нафта и гас, а меѓу најзагрозените се најголемите производители на „црното злато“ – Саудиска Арабија, Ирак и Нигерија, наведува компанијата со седиште во Велика Британија.

Климатските промени ја погодија нафтената индустрија оваа година, кога екстремно студено време го погоди главниот американски регион за нафта, гас и рафинирање во близина на брегот на Персискиот залив, што доведе до долги исклучувања и намалено производство.

-Ваквите настани ќе станат почести и поекстремни, а уште потешко ќе ја погодат индустријата, рече Рори Клисби, еколошки аналитичар во компанијата.

Нешто повеќе од 10 отсто од комерцијалните резерви на нафта во светот се наоѓаат во области кои консултантската компанија ги оцени како исклучително ризични, од кои речиси една третина се смета дека се изложени на висок ризик.

Екстремните горештини, недостигот на вода и песочните бури би можеле да бидат „Ахилова пета“ за Саудиска Арабија, водечки светски извозник на нафта, посочуваат истражувачите.

Нигерија, пак, каде што нафтените наоѓалишта се концентрирани во појасот на речниот систем на Нигер, е загрозен од суши и поплави, се наведува во истражувањето.