Промена на границите за нас е неприфатливо и воопшто не треба да се става на маса, рече тој.

Во однос на европерспективата на Македонија и Албанија, Клус рече дека Албанија и Македонија треба да заедно да ги почнат преговорите.

– Така полесно ќе ги споделиме своите искуства, вклучувајќи ги и оние коишто ги имавме во Словачка и кои не се само позитивни, секако. Сигурен сум дека ако двете земји ги започнат преговорите заедно и двете ќе станат членки на ЕУ мошне побрзо. Тоа е нашата стратешка цел во Словачка, рече Клус.