– Ова што денес се случува, не е до тоа дека Македонија се наоѓа во војна или се случува некоја елементарна непогода, туку е фаќање сламка за спас на криминалите на СДСМ и ДУИ. Имено, преку Комисија каде сакаат да разрешат колега пратеник кој веќе не им е по ќеиф и да си постават свој пратеник, сакаат на нелегитимен начин да го добијат мнозинството комисијата каде главна цел ќе им биде да си постават свои судии во Уставниот суд. Целата оваа работа е за поставување на партиски суд. – рече во своето обраќање на собраниската седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Коцески.

Коцески додаде дека ова што денес и вчера се случува е сѐ со цел да се спасат од одговорност на децата на Рашковски направени со средства собрани од родендените. Потоа, додаде Коцески, дека ова се случува за да подобро работи новата компанија на тинејџерот на Тути Ди Капо Зоран Заев.

– Имајќи предвид дека занаетот можеби го учел од неговиот дедо, таткото на Заев, кој своевремено бил фатен како краде струја, може да ни стане јасно зошто ова се случува. Целта на сѐ ова е да си ги покријат сите криминали направени до сега од оваа власт и второ – нелегитимниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието на Република Македонија, каде што ќе ве потсетам дека пратеници гласаа во две раце во вис, а можеби и со една нога. И секако, ова се случува и да си вратат услуги на досегашните судии кои работеа по принципот трас-трас и по наредба на Зоран Заев. – рече Коцески.

Коцески додаде дека исто така, сето ова се прави, меѓу другото, за да се покрие криминалот на Зоран Заев и Филипче за процентите од вакцини кој го договараа во екот на најголемата пандемија, за грчката фирма и префрлањето на пари за неизградената клиничка болница во Штип, за 14-те жртви во изгорената болница во Тетово, за криминалот со марихуаната на Заев и Спасовски итн.