Ако за реализација на донесена одлука на Совет на Општина Центар, со која на улицата „Максим Горки“ смеат да паркираат само резиденти, ви требаат не месеци туку години, повелете дојдете да ви кажеме за кого ќе гласаме, порача актерката Софија Куновска, споделувајќи вест стара неколку месеци со сè уште неисполнето ветување за граѓаните на Центар.
Имате ли барем блага претстава што значат 365 дена во годината, стрес по неколку пати на ден, децении наназад.
Кога ќе научите дека треба да испорачате тогаш ќе добиете гласови, порачува таа.