Имено, СДСМ изнесе сомнежи за тоа дека сопругата на министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски е во Вашингтон на Самитот на НАТО.
СДСМ бара Тимчо Муцунски веднаш да ја објави листата на сите кои патувале на државен трошок во САД. Ако како што вели немало што да се крие, зошто не објавува и ја затвори оваа тема еднаш засекогаш?, рекоа од СДСМ.
Сепак се испостави дека ова е уште „една од низата лаги на СДСМ и ефектот од ПР на Рејтинг на Спасов“, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Сопругата на Муцунски не била во Вашингтон. За тоа се изнесоа од МНР каде ја демантираат партијата.
„Во целост ја демантираме информацијата доставена од страна на СДСМ до медиумите, поврзана со патувањето на министерот Муцунски во Вашингтон. Воедно, ја информираме јавноста дека и покрај тоа што постои дипломатска пракса министер за надворешни работи на официјални настани од ваков вид да биде формално придружуван од брачен партнер, вистината е дека на ова патување министерот не беше придружуван од својата сопруга. Министерот единствено беше придружуван од дипломати од Министерството и дипломатско конзуларните претставништва, а кои се наоѓаа на списокот како дел од официјалната делегација“, стои во демантот на МНР испратен до медиумите.
Инаку во текот на вчерашниот ден СДСМ беше фатена во лага за спорни вработувања во МЕПСО, СДСМ згреши па се извини.
На крајот, партијата се извини. Во меѓувреме, се огласи и синот на Ѓорѓе Иванов, Иван.
Останува да видиме дали СДСМ ќе се извини и за сопругата на Муцунски и измисленото нејзино патување во Вашингтон.