Поддржани од главната пакистанска разузнавачка и контраразузнавачка служба (ИСИ), талибанците ја презедоа власта во државата во 1996 година. Мула Омар наметна сурова форма на шеријат (исламски закон) со јавни егзекуции, ампутации за оние што ќе бидат прогласени за виновни за кражба и брутално угнетување на жените. Мула Омар им даде засолниште на Осама бин Ладен и на неговите следбеници во 1998 година. Истата година, Ал каеда ги нападна американските амбасади во Кенија и во Танзанија, при што загинаа 224 лица. Ал каеда го нападна американскиот разурнувач „Коул“ во 2000 година, а загинаа 17 американски морнари. Сепак, терористичките напади од 11 септември, во кои загинаа 2.977 лица во САД, ја поттикнаа инвазијата на Авганистан предводена од Американците.

Повеќе може да погледнете од фотографијата во продолжение: