Веднаш по појавата на првите случаи на заболени истовремено и од грип и од ковид19, во научните кругови се појавија мислења дека станува збор за уште понова варијанта на корона вирусот. Но, научниците веќе потврдуваат дека се работи за флурона, болест кога во еден организам истовремено се детектираат и ковид-19 и инфлуенцата.

Лекарите велат дека и грипот и Ковид 19 се болести кои влијаат на респираторниот систем и имаат слични симптоми.

Според Светската здравствена организација, симптомите и на грипот и на ковид 19 варираат од сличност до сличност, но постои група на исти симптоми кои се забележани кај пациентите, пишува Business Insider.

Тие вклучуваат губење на чувството за вкус и мирис, треска, кашлица, отежнато дишење, губење на апетит, постојана болка во градите. СЗО вели дека случаите со благи симптоми на флурона може да се лекуваат дома и дека нема потреба од хоспитализација.

Сепак, постојат потешки симптоми на флурон, а тие може да вклучуваат пневмонија, миокардитис и воспаление на срцевиот мускул.