-Ќе се основа нова библиотека во Могила која ќе се користи и за работилници на најразлични теми , вклучувајќи ги младите и возрасните.

Планиран е изложбен простор, опрема за делот во кој се предвидуваат венчавки и канцеларија за соработка со невладиниот сектор, со што ќе се отвори можноста за волонтирање и размена на искуства со невладиниот сектор од регионот и пошироко.

Со активностите кои ќе ги понуди Повеќенаменскиот Центар ќе бидат подобрени услугите кон жителите, образование, пристапност, еднакви можности и вклучување на најранливите категории граѓани во општествените текови и нивна социјализација и активација, пишува во својата објава Саботковски.