Јавноста во Колумбија деновиве е насочена кон тврдењата што локалните таблоиди ги објавија како ексклузивна вест, иако поради кредибилитетот на медиумите што ја пласираа информацијата, тешко може да се утврди нејзината автентичност.
Според медиумските написи, колумбискиот фудбалски репрезентативец Ричард Риос, кој во моментов настапува за екипата на Ал Итихад како позајмен играч од португалска Бенфика, е хомосексуалец.
Оваа наводна афера таблоидните медиуми ја темелат врз неговото приватно однесување во периодот додека беше дел од тимот на Бенфика и престојуваше во Лисабон, Португалија.
Риос ужива огромна популарност во својата родна земја, па медиумските шпекулации од ваков карактер не претставуваат изненадување за јавноста, иако засега никој не може со сигурност да ги потврди пласираните наводи.
