На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се Годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2020 година, Предлог-одлуката за давање согласност на Стратешкиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година, како и Предлог-одлуката за давање согласност на Годишната програма за работатa на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година.
Членовите на оваа комисија ќе расправаат и по Предлог-одлуката за давање согласност на Финансискиот план на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година, како и по Предлогот на закон за продажба на станови кои потекнуваат од станбениот фонд на поранешна ЈНА или се добиени по пат на замена на недвижен имот кој потекнува од поранешната ЈНА и се доделени на користење на лица вработени во Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија – во второ читање, поднесен од пратениците Илија Николовски, Миле Талевски, Лазе Таневски, Арта Билали – Зендели, Мирослав Јовановиќ.
Комисијата за образование, наука и спорт денеска ќе одржи две седниц. Едната е продолжение на седница закажана на 4 декември минатата година и на дневен ред е Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за високото образование, во второ читање, поднесен од пратеници од владејачкото мнозинство.
На дневен ред на втората седница се Предлог-законот за изменување на Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари и Предлог-законот за дополнување на Законот за научно-истражувачката дејност, двата во второ читање, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, во прво читање, поднесен од пратениците од опозицијата.