Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишуваат дека министерот за здравство Меџити и Ковачевски треба да ги посетат Карил и Урологија и да објаснат зошто овие седум години ништо не е направено со овие клиники.
„❗️Кога веќе ја посетуваат Клиниката за ортопедија за “отворена” сала,на која ова и е петто или шесто “отворање” и сликање ги охрабруваме Ковачевски и Меџити да ја посетат и КАРИЛ за да ги видат условите за третман на пациенти и условите во кои работат здравствените работници на оваа Клиника каде се третираат најкомлексните случаи
❗️Ги повикуваме да дадат отчет што во овие 8 години преземале за подобрување на состојбата со оглед дека повеќе од јасно е дека тука не е мрднато со прст
❗️❗️Исто така ги охрабруваме да ја посетат и Клиниката за урологија за да се информираат како изгледаат хоспиталните услови во кои се третираат тука пациентите
❗️Токму на оваа Клиника, здравствените власти се сликаат за успешно трансплантирани бубрези иако лоши односно несоодветни се условите за третман, а нема преземени мерки за подобрување на состојбата
❗️Хаос е и во амбулантскиот дел на Урологија каде редиците за чекање и бутканиците се недостоинствени и понижувачки за пациентите како резултат на лошата организација на менаџментот“, стои во нивниот пост на Фејсбук.