– По завршувањето на месецот на постот и простувањето, верниците со исполнети срца и радост го дочекуваат големиот празник Рамазан Бајрам кој ги актуелизира вредностите на човечност, мир, сочуство и љубов кон ближниот. Нè потсетува дека добрите дела кон сите луѓе, меѓусебното почитување и солидарност, се вистинскиот пат по кој треба да се чекори. Во тоа име, Ви посакувам овој Рамазан Бајрам кај Вас и кај сите верници да ги отвори срцата кон уште поголемо разбирање и љубов за да можеме заеднички да придонесеме кон градењето на едно мирно и просперитетно општество, се вели во честитка на КОВЗРГ.