Комисијата за заразни болести донесе одлука за стартот на второто полугодие.

По денешниот состанок на кој се разгледувала епидемиолошката состојба во земјава, Комисијата препорачува почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 год, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи.

Инаку, почетокот на второто полугодие се одложи. Учениците во училишните клупи се враќаат од 1 февруари.