Вардар од денеска и официјално испадна во Втората македонска фудбалска лига.
По поразот од Струга Трим Лум на гостински терен, се потврди агонијата во која тоне најтрофејниот македонски клуб.
Во врска со поразот и испаѓањето во Втората лига, се огласи и навивачката група „Комити“ кои ова го нарекоа „НАЦИОНАЛЕН СРАМ“.
Како што велат, срамот најмногу оди на душа на оние двајца ликови кои го организираа погребот на Вардар.
– Вардар нема пријатели во македонскиот фудбал. Вардар нема пријатели ниту лево ниту десно. Вардар има непријател во политичките елити. Единствени пријатели на Вардар се Црвено – Црната Армија и Македонскиот народ. И токму нив Вардар ги повикува на општа МОБИЛИЗАЦИЈА, велат на Фејсбук од навивачката група.
НАЦИОНАЛЕН СРАМ !
Доколку ја погледнете табелата на Првата Македонска Фудбалска лига а притоа сте македонец, не може а…Posted by Komiti Skopje on Sunday, May 9, 2021