Компанијата „Рамбл клауд“, основана од бизнисменот со македонско потекло, Крис Павловски, отвори подружница во Македонија. Според информациите објавени од „Призма“, фирмата е регистрирана на адреса во центарот на Скопје. Управители се наведени самиот Павловски и неговиот деловен партнер Брандон Александрофф.

Значајни инвестиции во дигитализацијата на Македонија: Мицкоски објави за нови проекти во соработка со Рамбл

Блиски врски со администрацијата на Трамп

Павловски е познат по своите блиски односи со личности кои сега имаат значајни функции во администрацијата на  американскиот претседател Доналд Трамп. Минатото лето, веднаш по формирањето на новата македонска влада, тој пристигна во Скопје заедно со Девин Нунес, директор на „Трамп Медиа“ .

Во истата делегација беше и Хауард Лутник, сопственик на инвестициската компанија „Кантор Фицџералд“. Неодамна  Трамп неодамна го назначи за секретар за трговија.

Најавена економска соработка

Тројцата бизнисмени беа пречекани од македонскиот државен врв, вклучувајќи го премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. На средбите беа разгледани можности за соработка, а веднаш беше најавено дека новата компанија ќе има значајна улога во развојот на дигиталните услуги и облак технологијата во Македонија.

Со отворањето на „Рамбл клауд“ во Скопје, се очекува зголемување на инвестициите и отворање нови работни места во ИТ секторот.

Извор: Призма