Меѓу оние кои се задолжени за неговата здравствена состојба е и славниот професор Филип Менаше, кој се обидува со матични клетки да го врати Шумахер во првобитна положба.

Иако неодамна се појавија многу информации за здравствената состојба на славниот спортист, целиот случај сепак е претежно тајна за јавноста. Овој пат нови детали откри српската научничка Милана Тасиќ, која е во лекарскиот тим на Менаше.

Јас сум во тимот кој истражува регенерација на срцевиот мускул по инфаркт, ембрионални матични клетки или индуцирани плурипотентни матични клетки. Шефот на овој тим е професор д-р Филип Менаше, кој е пионер во користењето на клеточна терапија за лекување на оштетувања на срцето. Токму француските весници пишуваа дека тој е вклучен во лекувањето на славниот спортист. За мене е голема чест, пред сè, да научам од овој тим чие истражување го води д-р Менаше, бидејќи нуди голема надеж за намалување на потребата за трансплантација на органи, Откри Тасиќ за српски „Блиц Жена“.

Во септември 2019 година, Шумахер исто така беше третиран со матични клетки во болницата „Жорж Помпида“. Овој третман го намали воспалението во неговото тело, а третманот го примени Менаше.

Минатата година беше објавено дека Филип Менаше ќе го оперира Шумахер, кога за тоа пишуваа скоро сите светски медиуми.

Целта е да се обнови нервниот систем на Михаел Шумахер, објасни познатиот професор за францускиот весник „Ле Дофин“ и додаде дека „науката научила многу за матичните клетки во последните 20 години, но не се знае премногу за човечкиот мозок“.

Според последните информации, состојбата на славниот возач на Формула 1 се подобрува.