Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ утре, 22 ноември, ќе ја одржи својата редовна 35-та годишна Конференција во Скопје. Настанот ќе се реализира со почеток во 16 часот во спортската сала „Расадник“ во општина Кисела Вода, под централното мото „Нашата генерација – нашата Македонија“.

Пред присутните делегати и гости свои официјални обраќања ќе имаат претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и првиот човек на младинската организација, Тодор Конески.

Партискиот собир претставува традиционална годишна конференција на подмладокот на владејачката партија, на која ќе се дефинираат идните младински политики и програмски насоки на организацијата.