Битола заслужува велосипедски патеки. Тоа го ветувавме сите за време на политичките кампањи, а денес кога имаме можност да го реализираме овој значаен проект, не само што ја немаме поддршката од СДСМ, туку повторно ги имаме нивните лаги, кои граѓаните ги препознаа уште пред две години, поради што не им ја дадоа поддршката, истакнува градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

-Поднесената кривична пријава за проектот за изградба на велосипедски патеки е само уште еден доказ за блокирачката политика која СДСМ ја води во континуитет во овој советнички состав, со поддршка токму од оние кои беа најгласни во заложбата за чиста животна средина и вело град. Додека општината и општинските служби вложуваат максимални напори да реализираат активности со кои ќе се подобри животот на битолчани и тоа според европски стандарди, за што имаме голема поддршка и од ЕУ, СДСМ неуморно се обидува да ги закочи сите иницијативи дури и по цена на губење на европските пари, посочи тој

„Со целосна одговорност ја сметаме поднесената кривична пријава како деструктивен обид за собирање на евтини политички поени кои сите нас, а особено граѓаните на Битола ќе не чинат многу скапо“ – вели Коњановски.