Министерството за култура и туризам информира дека во тек е пријавувањето на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2027 година. Сите заинтересирани апликациите можат да ги поднесат до 30 октомври 2026 година, најдоцна до 15.30 часот.

Од ресорното министерство упатија повик до културните работници навремено да ги достават потребните материјали и најавија соодветна помош од стручните служби.

„Ги повикуваме сите заинтересирани да аплицираат во предвидениот рок, а помош во делот за пријавите, од стручен аспект, корисниците и оваа година ќе може да ги побараат во секторите во Министерството за култура и туризам“, соопшти Министерството.