Денеска официјално беше конституиран Домот на народите на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина, делегатите ги презедоа мандатите и положија заклетва.
Со тоа и официјално почна мандатот на Домот на народите на ФБиХ, чии делегати ќе седат во собраниските клупи во наредните четири години.
За денеска е планиран и избор на привремени работни тела на Домот на народите, јавија сараевските медиуми.
Изборот на претседател на Федерацијата Босна и Херцеговина не беше на дневниот ред на денешната седница, иако вчера го најави лидерот на ХДЗ БиХ, Драган Човиќ.