За членови на Комитетот за преговори се определени првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерите за борба против корупцијата и за економски прашања, Љупчо Николовски и Фатмир Битиќи, министрите за финансии, за животна средина, за труд и социјална политика, за економија, за транспорт и врски, Фатмир Бесими, Насер Нуредини, Јагода Шахпаска, Крешник Бектеши, Благој Бочварски и директорот на ЈП Државни патишта Ејуп Рустеми.
– Како посебен заклучок по оваа точка, Владата одлучи да достави допис до Собранието на Република Северна Македонија со барање за член на овој Комитет да биде номиниран и претставник на најголемата опозициска партија, информираат од Владата.
-На денешната 127-ма седница е разгледана и усвоена Информацијата за подготвителните активности за втората фаза на конкурентен дијалог за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас до постигнување на договор за доделување на договорот за овој стратешки проект за гасификација на Република Северна Македонија, соопштуваат од Владата.