Никако да дојде крај на неизвесноста во М-НАВ за тоа кој ќе седне на директорското столче. Откако попладнево владата на ова место го назначи Илир Мехмеди на местото на Фахрудин Хамиди, сега следува експресна корекција. Новиот предлог на Владата за оваа позиција е Хекуран Асани.

Владата направи очигледна грешка откако го постави Мехмеди бидејќи тој не ги исполнува условите за функцијата за која беше предложен од страна на Владата. Мехмеди ниту имал валидна лиценца за надзорен контролор, ниту пак шестгодишно работно искуство што е неопходно за оваа функција. Освен ова, Мехмеди го следат и низа скандали, а за овие контроверзии објави и Радио Лидер.

Контроверзии и скандали: Кој е Илир Мехмеди – новиот директор на М-НАВ?

Како што пишуваат медиумите, Асани за разлика од Мехмеди ги исполнува овие услови.

Разрешување на раководството на Македонска навигација или затворање на македонското небо за авиосообраќај. Денеска владата одлучуваше меѓу овие две опции. На крајот, епилогот е Хекуран Асани и Милан Кораќ нови директори во М-НАВ.

Владата упати препораката за разрешување на Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски од актуелните позиции, додека се иззема од одговорност членот на Управниот одбор и директор на М-НАВ, Хасим Деари. На денешната седница не се разговараше за негово разрешување.

Откако од раководната позиција е тргнат Фахрудин Хамиди, најавениот штрајк на контролорите на летање кој требаше да започне утре засега е ставен во мирување.

Затишје пред бура во М-НАВ

Претходно, денешниот ден беше опишан како „Денот Д“. Процесот на расчистување на случајот дополнително се усложни со приведување на лицата и изрекување мерки на претпазливост наместо притвор, по што обвинителството поднесе жалба до Кривичен суд. Најекспониран во целиот овој проблем беше Тасевски, чија изјава може да ја погледнете во продолжение:

Тасевски: Упадот во Контролата за летање не е влегување во продавница, тоа е рамно на тероризам

Овој случај допрва треба да се истражува, а за ова реагираше и делегацијата на ЕУ која очекува државните власти да ги истражат наводите за кронизам во вработувања во М-НАВ.