Владата денеска, со почеток во 12:00 часот, ќе ја одржи редовната 40-та седница.

На дневен ред, како што информира владината прес-служба, е Информацијата за подготовка на 18. состанок на Поткомитет за иновации, информатичко општество и социјална политика, кој ќе се одржи на 28 април 2022 година, но членовите на Владата ќе бидат запознаени и со Информацијата за склучена Програма за соработка на полето на образованието и науката меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија за периодот 2022-2025 година.

За заклучоците и одлуките од седницата Владата ќе информира преку соопштение.